Денес се отвараат вежбалните, фитнес центрите и теретаните. Поради верскиот празник Рамазан Бајрам нема ограничување за движење.
Вечерва поради верскиот празник Рамазан Бајрам граѓаните без никакви ограничувања ќе можат да се движат во текот на ноќта.
Одлуката која беше претходно донесена вели дека ноќта меѓу 12 и 13 мај нема полициски час.
Од четврток пак, стапува на сила нова олеснителна мерка со која полицискиот час ќе почнува од полноќ и ќе трае до 5 часот изутрина.
Ваква одлука донесе Владата, со што се олабавуваат дел од рестриктивните мерки коишто беа на сила поради пандемијата со Ковид-19.
Угостителските објекти ќе може да работат до 23.30 часот. Од денес, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.
Од денес се отвараат и вежбалните, фитнес центрите и теретаните.
Mинистерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во земјата.
На Инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 701 и има околу 1.000 празни болнички кревети во Ковид-центрите.
Минатата недела е регистриран пад за над 37% на заразени од Ковид-19, во споредба со неделата претходно, покажуваат податоците.