Метаболистичките процеси се многу важни прво за здравјето, потоа и за изгледот.
Ако метаболизмот брзо и правилно ги користи хранливите состојки од храната што ја внесуваме и придонесува нашето тело брзо да се исчисти од токсини, тогаш имате здрава и витка личност.
Но за да го подобрите вашиот метаболизам треба да се придржувате до следниве неколку правила:
- Порано одете во кревет
Одењето во кревет на полноќ е деструктивно по вашето здравје.
Првата РЕМ фаза треба да започне околу 22.00 часот бидејќи тогаш организмот се подготвува за процес на детоксикација.
Ако останувате доцна навечер будни, колку и да спиете во текот на денот, нема да можете да го надокнадите изгубениот сон навечер.
Нашиот организам е програмиран да одмара во текот на ноќта.
- Конзумирајте течна храна
Скоро секој оброк може да го замените со смути. Затоа наместо да јадете тврда, терминчки обработена храна, подгответе си едно смути и осигурајте се дека сте ја внеле дневната доза на витамини и миниерали.
Храната во течна состојба исто така го намалува ввреметраењето на варење и исклучително лесно се апсорбира во крвта.
Освен смути можете да конзумирате и различен тип на супи во кои задолжително треба да додадете зелечнук заради побогата исхрана.
- Пробиотици
Природните пробиотици се наоѓаат во ферментирана храна.
Затоа се препорачуваат киселите краставички, јогуртот, киселото млеко и сл.
Јадете ферментирана храна почесто за правилен внес на „добри бактерии“ кои ќе ви помогнат во побрзо разградување на храната.