Ако посегнете по пијалок без шеќер, додека се убедувате себеси дека сте одбрале поздрава алтернатива, вистината е дека целосно грешите.
Голема кинеска студија покажа дека пиењето газирани пијалоци без шеќер е исто толку лошо за вас, како и варијантата со шеќер, пренесува МСН.
Оние кои консумирале засладени или вештачки засладени пијалоци, најверојатно ќе умреле млади, откриле истражувачите.
Истражувачите анализирале податоци за 1,2 милиони возрасни лица од 14 студии, од кои некои биле лонгитудинални и траеле подолго од 20 години.
Во тој период биле евидентирани 137.310 смртни случаи.
Со секое дневно пиење од 250 ml засладен пијалок, смртноста се зголемила, што е помала доза од една конзерва што содржи 330 ml.
Потрошувачката на пијалоци со засладувачи е поврзана со 5% поголем ризик од смрт од каква било причина и 13% поголем ризик од смрт од срцеви заболувања.
Оние кои пиеле најмногу имале 12 проценти поголема веројатност да умрат од каква било причина и 23 проценти поголема веројатност да умрат од срцеви заболувања отколку оние кои пиеле најмалку.
Главниот автор на истражувањето, др. Хонги Ли, од универзитетот Хнгжу во Кина, за Журналот за јавно здравје изјави:
–Честата потрошувачка и на диетални пијалоци и на напитоци засладени со шеќер е поврзана со поголем ризик од смрт од кардиоваскуларни болести и смрт од сите причини. Оваа информација може да обезбеди идеи за спречување на болести – со намалување на внесувањето на овие пијалоци.
Луѓето идеално треба да избегнуваат пијалоци со шеќер и да изберат поздрава опција како вода, сугерираат експертите.