Сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од југозападен, а во источните од југоисточен правец.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планиските подрачја.
Најниска температура во Скопје ќе изнесува 8 степени, а највисока ќе достигне максимални 27 степени.