Паста со морски плодови е исклучително хранлив оброк. Содржи голема концентрација на омега 3 масни киселини, протеини и секако јаглехидрати кои се потребни за надокнадување на дневна доза енергија.
Покрај тоа што е здрава и хранлива паста со морски плодови е и вкусно јадење за гурманите кои уживаат во разнородни вкусови и стимулирање на осетите за вкус.
Се подготвува брзо и се служи обично со чаша бело вино.
Потребни состојки:
- 1 пакетче шпагети
- 500 грама морски плодови – мешавина
- томато сос
- пармезан
- зачини по избор
- маслиново масло
Начин на подготовка:
Во сад со вода сварете ги шпагетите. Гответе околу 10 минути. Кога шпагетите ќе бидат готови додадете малку пармезан.
Ставете ги морските плодови да се сварат. Варете околу 15 минути. Исцедете ја водата и проверете дали морските плодови се детално исчистени.
Загрејте маслиново масло во тава. Додадете ги полусварените морски плодови. Додатете сол, бибер и други зачини по вкус. Прежете околу 10 минути на тивок оган.
Оставете ги морските плодови малку да се оладат и исцедете малку лимон врз оладените морски плодови.
Истурете ги подготвените морски плодови во тањир со шпагетите.
На крај ставете малку томато сос или кечап.
Пријатно јадење!