Руската вакцина Спутник В е помалку ефикасна врз јужноафриканската варијанта на ковид-19, но тој пад е помал отколку кај другите вакцини, рече во петокот водечкиот научник од Институтот што го разви производот.
–Кога станува збор за варијантата „Јужна Африка“, ефикасноста на антителата произведени од Спутник В се намалува, како што е случајот со сите други вакцини, изјави Александар Гинтсбург за агенцијата Интерфакс.
Спутник В беше тестиран во лабораториите во САД на британски и јужноафрикански варијанти, како и на оригиналниот вид што првпат беше откриен во кинеската провинција Вухан, рече Гинтсбург во интервјуто.
Лабораториите користеле примероци на крв од луѓе вакцинирани со Спутник В во Аргентина, објасни тој.
Тој додаде дека руските научници не учествувале во тие тестови.
Иако одговорот на антителата кон јужноафриканската варијанта е послаб, тој пад е значително помал од падот на другите вакцини, рече Гинтсбург.
Резултатите од тестирањето на Спутник В на варијантата од Вухан ги потврдија наодите направени од научници од неговиот тим во московскиот институт Гамли, рече тој.
–Исто така, докажано е дека од сите вакцини што моментално се користат во светот, Спутник В … најдобро ја неутрализира варијантата што ја нарекуваме „британска“, рече Гинтсбург.