Лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на лидерска средба се договорија да се одблокира Собранието и да се одложи пописот.
Сепак одложувањето или одржувањето на пописот на резидентното население во домаќинствата со физичко присуство не е извесно.
На Собраниска седница пратениците ќе одлучуваат дали пописот ќе се спроведе воопшто и кога ќе биде неговата реализација.
Се очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери да повика собраниска седница на која како точка на дневен ред ќе се појави и пописот 2021 година.