Откажан е состанокот на Комисијата за заразни болести кој требаше да се одржи денеска.
Беше предвидено нa состанокот да се одлучува за можно дополнување на рестриктивните мерки.
Актуелната состојба со пандемијата ќе биде тема на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.
Со оглед на тоа дека состанокот на Комисијата за заразни болести е откажан, засега нема да има нови рестриктивни мерки за здравствена заштита.