Една нова студија од Данска покажува дека повеќето луѓе кои имале ковид 19 се заштитени од реинфекција најмалку шест месеци, но постарите лица се повеќе склони кон нови инфекции отколку помладите.
Истражувањето открило дека само 0,65 проценти од луѓето по втор пат биле позитивни на тестот, откако претходно биле заразени за време на првиот и вториот бран на пандемијата во Данска.
Тоа е многу пониско од 3,27 проценти што беа позитивни на вирусот откако користеа многу попрецизни PCR тестови, бидејќи претходно беа негативни на брзиот тест.
Студијата открива дека луѓето постари од 65 години имаат само 47 проценти заштита од повторување на инфекцијата, во споредба со 80 проценти заштита кај помладите луѓе.