Лидерите на ЕУ изразија фрустрација од огромниот недостиг на договорени испораки на вакцини АстраЗенека против ковид-19, додека третиот бран на инфекции расте низ цела Европа.
Со оглед на тоа дека програмите за вакцинација се далеку зад оние во Велика Британија и САД, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен предупреди дека извозот на вакцини од британско-шведската компанија ќе биде блокиран се додека не ги испорача дозите ветени од ЕУ, пренесува Ројтерс.
–Компанијата мора да направи чекор, мора да го почитува договорот што го има со европските земји-членки, пред повторно да започне со извоз на вакцини, рече Фон дер Лајен на прес-конференција синоќа по самитот на Интернет на лидерите на Европската унија.
Од 300 милиони дози што треба да бидат доставени до земјите на ЕУ до крајот на јуни, АстраЗенека се обидува да испорача само 100 милиони.