Само минатата година повеќе од 11.000 продавници беа трајно затворени во Велика Британија, пред се оние лоцирани на централните улици и трговски центри, пишува Гардијан.
Независните трговци во руралните области се покажаа поотпорни на новата криза, наспроти трговските ланци во центрите на градот.
Во текот на 2020 година, во Англија, Велс и Шкотска беа затворени вкупно 9.887 трговски ланци и 1.442 независни продавници, ресторани, угостителски објекти и места за одмор, додека вкупно 680.000 продажни места на 3.000 локации беа вклучени во анализата.
Множеството мерки за помош на бизнисмените во Велика Британија вклучуваше намалување на давачките, мораториум на иселување од просториите за оние кои не беа во можност да плаќаат закупнина, исплата на парична помош и обештетување на вработените.
Се проценува дека овие мерки за помош имале ефект на олеснување на трендот на затворање на независни продавници, кои се за 11 проценти помалку затворени во споредба со 2019 година.
Сепак, Гардијан пишува дека сè уште се очекува вистински удар во кризата предизвикана од пандемијата и дека во 2021 година, уште 18.000 продавници и ресторани може да стават катанец на вратата.