Петер Бен Ембарек, шеф на тимот на Светската здравствена организација кој го финализира долгоочекуваниот извештај за потеклото на коронавирусот со своите кинески колеги, призна дека неговите автори може да се соочат со притисок, но исто така инсистираше на тоа дека конечниот резултат ќе биде едногласно мислење на сите научно ориентирани членови на тимот.
Бен Ембарек, експерт за безбедност на храна и болести кои се пренесуваат од животни на луѓе, во интервјуа вчера и денес рече дека научниот тим се надева дека извештајот, кој сега содржи околу 280 страници со графикони, датуми и прилози, ќе биде подготвен за објавување во недела.
Извештајот е студија во првата фаза, која се очекува да биде проследена со подетален извештај во рамките на упатствата поставени од кинески официјални лица и тимот на СЗО.
Бен Ембарек, кој предводеше меѓународен тим од 10 члена за време на посетата на Кина во јануари и февруари, призна дека се појавиле политички притисоци, додавајќи дека може да има притисок и од десницата и од левицата.
–Она што можеме да го гарантираме е дека сите ќе бидат присутни и едногласни во поддршката на извештајот по завршувањето на текстот – рече Бен Ембарек.