Здрав и вкусен оброк кој се препорачува да го внесете за време на ручек. Гответе за целото семејство!

Состојки:

  • 400 гр ориз
  • 1 кг пилешко
  • 2 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 3-4 моркови
  • доколку е потребно доматно пире
  • 1 дл масло
  • зачини со вегета, црвена сол, црвен пипер, ловоров лист

Подготовка:

На масло се динста ситно исечен кромид и морков исечен на коцки.

Додадете го пилешкото исечено на поголеми парчиња и оставете го да се крчка.

На крај, додадете доматно пире, зачини по потреба и ловоров лист.

Варете го оризот во вода и кога ќе заврши, исцедете го и исплакнете го со ладна вода.

Посипете со вегета, сол и промешајте. Истурете малку масло во соодветен сад за печење, додадете ориз и израмнете.

Истурете ориз со зеленчук и пилешки сос. Печете во рерна 15-20 минути.

pasta with meat on white ceramic plate
Декорирајте со варена брокула за перфектен баланс на хранливи состојки!