По пристигнување на првите вакцини од Србија, Македонија ќе ја започне имплементацијата на планот за имунизација.
Први ќе се вакцинираат здравствените работници во модуларната болница при клиниката „Мајка Тереза“.
Вакцинацијата ќе започне во среда а се очекува пристигнување и на новите пратки вакцини од „СиноФарм“ и од „АстраЗенека“.
Засега се пријавени над 46.000 граѓани преку електронската платформа за пријава vakcinacija.mk.