Албанија овој месец треба да добие 40.000 дози вакцини „Фајзер“, што е доволно за вакцинирање на 20.000 граѓани, рече албанскиот премиер Еди Рама.
Тој за време на разговорите со неговите приврзаници преку социјалните мрежи рече дека во светот има помалку вакцини отколку што има реални потреби и дека нивната испорака се одложува насекаде во Европа.
Рама рече дека добил гаранции од компанијата „Фајзер“ дека вакцините ќе бидат доставени во текот на февруари и дека вакцинацијата ќе продолжи со поголем интензитет.