Македонија ќе ги добие првите дози на вакцини во првата половина од годинава и тоа преку КОВАКС системот.

Се планира Македонија да добие 103.200 дози на вакцини од вкупни 337,2 вакцини предвидени за земјите низ светот.

Претходно министерството за здравство објави дека првите дози на вакцина во Македонија ќе стигнат преку КОВАКС системот и тоа во март.

Но наместо како што беше планирано тие да бидат од „Фајзер“ првите дози на вакцини во Македонија ќе бидат од британскиот произведувач „АстраЗенека“.

Многу земји од Европа, како Норвешка и Шведска покажаа сомнеж кон вакцините од „АстраЗенека“.

Засега македонските граѓани може да се вакцинираат само во соседна Србија преку едноставна постапка за електронско пријавување и тоа со вакцини од неколку различни произведувачи.