Австралискиот експерт за секс Надја Бокоди ги советува жените да имаат редовен секс, бидејќи во спротивно може да се соочат со низа „проблеми“, од кои едниот може да биде болен.
Имено, таа ги предупредува жените дека, поради подолг период на сексуална суша, односно подолг период без оргазам, може да се соочат со потенцијално болна состојба – вазоконстрикција, односно стеснување на крвните садови во sидовите на вагината.
–Кога сме возбудени, крвта тече во ткивата околу гениталиите, предизвикувајќи оток. Ако тој оток не се намали, што се случува за време на оргазам, работите може да станат … непријатни, напиша Надја.
Таа истакнува дека многу жени го мешаат ова непријатно чувство со грчеви во менструалниот циклус.
–И отечените гениталии не се единствениот несакан ефект на сексуална суша. Продолжената апстиненција исто така може да влијае на менталната состојба, имунолошкиот систем и либидото.
Сексуалниот експерт истакнува дека не е новост дека стресот може да доведе до губење интерес за секс, туку дека, напротив, недостаток на секс го зголемува нивото на стрес хормони, што нè прави понапнати.
–Луѓето кои имаат редовен секс и доживуваат оргазам се помалку склони кон настинка и грип, според истражувањето што покажало дека паровите кои имаат секс барем еднаш неделно имаат поголемо ниво на имуноглобулини, рече Бокоди.
Значи, очигледно е дека подолг период на отсуство од сексуална активност може да има некои последици, па затоа Надја советува да го спречите тоа со тоа што сте поактивни во кревет или повеќе „посветени на себе“, доколку сте слободни.