Експертскиот медицински тим што ја советува словенечката Влада предложи да се намали времетраењето на задолжителниот карантин од 14 на 10 дена.

– Ризикот од заразување може да биде малку поголем, но оваа мерка ќе го намали притисокот врз словенечката економија, смета епидемиологот Бојана Беовиќ.

Како што пренесува агенцијата СТА, овој предлог е поддржан и од словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар, со образложение дека поголемиот дел од заразените од Ковид-19 покажуваат симптоми на болеста во рок од 10 дена.

Дали примерот на Словенија ќе почнат да го следат и другите земји од регионот вклучително и Македонија, останува да видиме.

Извор: Сител

претходниот член,Пандемијата ја убива економијата и во Хрватска, голем раст на стапка на невработеност
Следната статијаМафијата поврзана со комунистичките шпиони главна причина за протестите во Бугарија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде