На крајот на август годинава, во евиденцијата на Хрватскиот завод за вработување се регистрирани 151.368 невработени лица, што претставува намалување за 0,04 проценти на месечно ниво и зголемување за 32,2 проценти на годишно ниво, соопшти Заводот.

Во август, бројот на невработени падна во споредба со јули, а намалувањето, според дневните податоци на веб-страницата на Заводот, продолжува и во септември.

Бирото во моментов има 146.920 невработени, што е за 4.448 помалку од крајот на август, пренесува „Јутарњи лист“.

На годишно ниво, бројот на невработени продолжува да расте со стапка од над 30 проценти поради состојбата со пандемијата.

Извор: Сител / Фото: Википедиа