Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид-19, во период од 6 август заклучно со 4 ноември.

Според статистиката, во овој период починале 1.688 пациенти со ковид 19. Од нив, 1.376, односно 82 отсто не биле вакцинирани, а 18 отсто, односно 312 примиле вакцина. Починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Во истиот период, на територија на државата 48.955 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19, од нив 28 отсто биле целосно вакцинирани, односно 13.886 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе два месеци, 35.069, граѓани, односно 72 отсто од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78 проценти, додека 22 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.