Дали некогаш сте го започнале денот со намера да ги завршите сите обврски, а кон средина на денот да се прашате што се случило со вашата продуктивност?

Решавањето на помалите и константни проблеми како што се мејлови и телефонски повици на работа можат да ве растревожат, вели Питер Брегман автор на книгата „18 Minutes: Find Your Focus, Master Distraction, and Get the Right Things Done“.

Со цела наша технологија многу е лесно да го изгубите фокусот. Всушност, деструкциите главно со задоволство ги прифаќаме поради тоа што ни даваат одмор од работа која бара одреден напори ја црпи нашата енергија, вели авторот.

Тајната на ефикасното управување со деструкциите и времето е во создавање ритуал, вели Брегман.

Тоа треба да биде процес којшто го следиме, што и да се случи и кој нè држи фокусирани на приоритетот во текот на целиот ден.

18-минутниот дневен ритуал за фокусирање и зголемување на продуктивноста е следен:

Чекор 1: План (5 минути)

Пред да го започнете денот или да ја проверите вашата електронска пошта, на хартија напишете ги дневните задачи кои треба да ги направите за денот да ви биде успешен. Потоа земете календар и распоредете ги тие работи во одредено време, препорачува Брегман.

Многу е важно кога нешто ќе правите. Најтешко и најважно е активностите да ги ставите претходно во текот на денот кога имате најмалку пречки и кога се најфокусирани, советува авторот.

Чекор 2: Рефокусирање (една минута на секој работен час)

Наместете го алармот на мобилниот телефон или компјутерот да се вклучува на секој час во текот на работниот ден. Кога алармот ќе заѕвони, запрашајте се дали последниот час сте го искористиле продуктивно. Брегман вели дека овој ритуал ќе ви помогне да се вратите на вистинскиот пат доколку нешто ви го одзело вниманието.

Чекор 3: Преглед (5 минути)

На крајот на денот прегледајте што функционирало, на што најмногу сте се фокусирале и кога продуктивноста и вниманието ви се намалиле. Дали сте ги исполниле задачите и што утре може подобро да направите.

На пример, доколку многу работи сте правеле наутро, но многу тешко ви било да се фокусирате попладне, размислете за тоа во календарот да го запишете тоа што ви бара повеќе концентрација (како маркетинг или извештај за продажба). Оставете ги долгите задачи како проверка на електронска пошта или статистики за попладне, советува Брегман.