Само слободниот човек е способен да љуби и само љубовта може да ја обезбеди слободата. Состојбата на заљубеност и состојба на слобода се поврзани повеќе одошто може да се претпостави. Доколку балансот помеѓу слободата и љубовта на било каков начин и под било каква околност се наруши, тогаш со тек на време си заминуваат и двете. Едноставно нема љубов каде што нема слобода и нема слобода каде што нема љубов.

Луѓето прават неколку клучни грешки кога се во прашање љубовта и слободата, па често во потребата да ја задржат љубовта целосно ја одземаат слободата.

  • Идеата за изглед на врската или бракот може да ви ја наруши слободата и љубовта

Ја знаете онаа изрека во љубовта и во војната единствено нема правила? Така треба да остане доколку сакате да ја зачувате својата љубов.

Никој нема право да наметнува визија и очекувања за тоа како треба да изгледа вашата врска и вашиот брак. Луѓето кои се обидуваат да делат совети и споделуваат искуства за тоа како треба да ви изгледа врската, препорачајте им да си го применат тоа кај себе.

Не прифаќајте никој да ви наметнува очекувања и да ви се меша во просторот кој го градите со својот партнер.

Модифицирана верзија на култната реченица од „Ана Каренина“ може да се примени и во ова ситуација: Секоја љубовна врска наликува една на друга, но секоја вистинска љубовна врска е посебна на свој начин!

Sad isolated young woman looking away through fence with hope
  • Единствен начин некого да го задржите со себе е да му оставите простор да ве напушти во било кое време доколку не се чувствува доволно среќен со вас

Кога луѓето се заљубени, тие често се склони своите емоции, кои се јаки и нескротливи да ги формулираат во изјави со бомбастични ефекти – јаки, експлозивни и впечатливи.

Многу често ќе слушнете изјави од типот: „Ако ме напуштиш, ќе ме скршиш“ или „Ако се разделам со тебе, ќе бидам многу несреќен“. – Тоа веројатно е така, а природна потреба на луѓето е да се дистанцираат од она што им предизвикува болка, едноставно никој не сака да биде скршен и повреден и секој тежнее кон среќа.

Но доколку таквите изјави имаат импликации во пракса, тоа може сериозно да ја загуши слободата, а потем и љубовта. Единствен начин да задржите некој до себе не е да го врзете, туку да му оставите целосна слобода да си замине во кое било време.

Само на тој начин човек може да се почувствува дека изборот на партнер е само негов, поподготвен е да носи одговорности, но и да ужива во својот, а не наметнатиот избор.

Woman in White Long Sleeve Shirt and Gray Pants Sitting on Brown Wooden Chair
  • Не очајувајте по љубов и внимание

Наметнати очекувања ја рушат слободата на вашиот партнер да се однесува како што сака и да биде свој.

Не очекувајте ниту љубов, ниту внимание од вашиот партнер, оставете го да ја покаже потребата од вас самостојно. На тој начин ќе го зачувате своето достоинство, ќе му ја дадете потребната слобода да се изрази во однос со вас како сака, но и ќе покажете безрезервна почит кон неговите потреби кои не се врзани само за вас, туку и за други луѓе, па некогаш и самиот себе.

Woman Wearing Pink Dress Shirt
  • Исклучете ги другите луѓе од вашиот живот што повеќе

Вие сте пар и помеѓу вас не треба да постои никој. Сите други луѓе колку и да ви се драги и да ги сакате имаат друга улога во вашиот живот, настрана од партнерската. Не давајте им на другите луѓе од вашиот живот да зеземаат повеќе простор од тоа што треба.

Мислењето на пријателите за вашиот партнер е многу важно, но вашите пријатели се тука да ви бидат пријатели, а не да ви го заменуваат партнерот и потребата од љубов и градење на близок и интимен однос со некој.

Другите луѓе не може подобро од вас да знаат за тоа дали сте среќни или не. Тоа е само ваше право и субјективно чувство кое не мора да го објаснувате.

Просто некој ве прави среќен и тоа е крај на приказната, не мора да образложувате како, зошто или да давате извештаи за вашиот избор.

Ако луѓето ве ценат вас, ќе го ценат и вашиот избор, во спротивно не им е гајле за вашата среќа, туку себично ја бранат нивната позиција во вашиот живот.

Pensive grandmother with granddaughter having interesting conversation while cooking together in light modern kitchen

-Ако внимавате да не ја загрозите слободата на вашиот партнер и не ја вложувате сопствената за да купите нечиј мир, кој ќе се зголемува правопропорционално со стегнувањето на обрачот околу вас, тогаш љубовта ќе избега, а ќе надвладее поривот да се тргнете од средината која ве гуши. Вистинската љубов е слободна и затоа е толку убава!

Магдалена Стојмановиќ