– Понекогаш можеш на некој да му објасниш како се чувствуваш, но луѓето можат тоа да го разберат, дури откога истото ќе им се случи.
– Почнуваш да сфаќаш дека на крајот од секоја приказна, само ти можеш да си помогнеш себе си и тогаш, почнуваш активно да ги решаваш проблемите.
–Полесно ти е кога не разговараш за некои работи, бидејќи потсвесно очекуваш друг исход, па многу ќе се разочараш, ако нема да се случи што ти си замислила.
– Сфаќаш кој вистински се грижи, а кој глуми. Во тешките времиња, се познаваат вистинските пријатели.
– Сфаќаш дека некои од твоите вистински пријатели не те познаваат, туку само еден дел од тебе. Со други зборови, те сакаат кога си среќна, но не и кога си тажна.
– Некои луѓе ги ‘разводнуваат’ твоите проблеми, бидејќи сметаат, дека не се опасни по живот и затоа нема да те слушаат. Од тие луѓе тргај се што подалеку.
– Почнуваш да бараш одговори во себе, наместо да бараш одобрување и решенија надвор од себе. Тоа значи дека работиш по сопствена проценка.
– Учиш како да бидеш одговорна за сопствениот живот. Ако нешто зафркнеш, ти си одговорна и не ги обвинуваш другите луѓе за својот неуспех. Едноставно учиш како сама да ги водиш своите битки, бидејќи често ќе немаш никој на твојата страна.
-На тежок начин ќе научиш како да се прифатиш себе си. Тешко е кога мислиш дека си сама а уште потешко, кога мислиш дека ти си виновна за тоа. Мислиш дека си лоша пријателка, но, на крајот ќе научиш да не ги сфаќаш работите лично и дека треба да бидеш силна додека си сама.
– Да научиш да се носиш со осаменоста. Да ги гушнеш своите мисли, својата збунетост и стравови. На крајот стануваш непобедлива.
– Почнуваш да сфаќаш дека секој има некоја улога во твојот живот, но некои луѓе, имаат помалку важност. Некои се дури привремено во твојот живот и нема да ти бидат пријатели засекогаш.
Рита за о3zona