Рускиот патријарх Кирил благословил игуменка на богат руски манастир да го продаде својот автомобил Mercedes Benz S class.

Наредбата под форма на благословија е дадена лично од патријархот, по големиот број публикации во руските медиуми за земното богатство на свештенството.

Тие материјали предизвикаа сериозна реакција во руското општество.

На јазикот на црковната управа, одлуката на патријархот гласи како што следува: „Патријархот Кирил ја благослови игуменката на женскиот манастир „ Покровски ставропигијален манастир“ Теофанија (Мискина) да го продаде автомобилот„ мерцедес бенц “ S класа“.

Целата вест на tribuna.mk може да ја прочитате тука