Домот е место на заедница на луѓе. Во современ контекст домот се сведува на место каде луѓето се прехрануваат, одмараат, се забавуваат и во кој им се обезбедени основните животни потреби – за топлина, безбедност и заштита од надворешни услови.
Домовите не изгледале секогаш како што изгледаат денеска. Во аграрните општества и во некои рурални средини низ светот, домот не е само заедница на луѓе, туку и заедница на луѓето и нивниот добиток. Поради тоа домовите имале сосема поразличен изглед. Тие биле комплекс од објекти за домување и одгледување на добиток.
Во некои, пак, западни земји голем е бројот на поединци кои формираат свои домови и домаќинства. Самците обично престојуваат сами во своите домови и затоа, не може да се рече дека домот е заедница на луѓе во тој случа.
Голем е бројот на луѓе кои во своите домови одгледуваат миленичиња, односно животни од кои немаат добивка во смисла на храна, волна или крзно, туку ги одгледуваат од социјални причини.
Еве кои се придобивките од чување на домашни миленици:
- Го сузбиваат чувството на осаменост
Домашните миленици го сузбиваат чувството на осаменост. Преку грижата за милениците, вашето време е целосно организирано и исполнето.
- Ја подобруваат забавата
Домашните миленици во исто време може да се предмет на некоја игра. Со нив можете да си играте и да го пополнувате своето време.
- Милениците ја развиваат социјалната и емотивната интелигенција
Важно е децата да растат покрај милениците бидејќи нивната заедничка интеракција придонесува за развој на социјалната и емоционалната интелигенција. Преку интеракцијата луѓето учат да ги препознаваат емоциите и намерите на другите луѓе во социјален контект.
- Милениците знаат да искажат благодарност
Голем број на примери покажуваат дека милениците знаат да искажат благодарност кон своите сопственици. Така кучиња спасуваат животи на своите сопственици, ги штитат и се залагаат за нивната безбедност. Папагалот може да ви дава бакнежи со својот клун за да ја покаже својата благодарност и други слични примери.