Здружение на граѓани за унапредување на националната култура „ДИВЕРЗИУМ“ го реализираше проектот од областа на културата, во соседна Република Србија на 25 Декември 2019 година.
Проектот има за цел промоција на традиционалните културни вредности низ нашите народни ора и танци, а е реализиран во соработка со Ансамблот за Народни Песни и Игри „Кочо Рацин“ од Скопје.
Низ презентација на нашите најзначајни традиционални ора и танци, со овој проект се промовираат културните богатства на нашата земја, понатамошна соработка и перспектива за ширење на македонската културна традиција и вредност во соседството.