Можеби не стигнувате секој ден да чистите по дома и вашиот дом да изгледа беспрекорно.

Сепак треба секојден да обрнете внимание на три работи од вашиот дом кој се најголем извор на зарази и кои сериозно може да го доведат во прашање вашето здравје.

Подот

Подот треба секојдневно да се чисти од прашина и од бактерии. Тоа е местото каде што постојано газиме и на кое ги аплицираме сите бактерии од стапалата што ги носиме од надвор.

Ако имате деца кои сакаат да се играат на под и често ставаат раце во уста откако претходно ќе го допираат подот треба да обрнете особено внимание во тој случај.

Садови

Садови со заостаната храна на нив се сериозен извор на зараза. Садовите треба да стојат што помалку време неизмини во вашиот мијалник или машина за садови. Инаку ќе го изложите здравјето на сериозен ризик од количината на бактерии што се умножува во мијалникот.

WC шоља

WC шољата исто така е извор на зарази. Користете абразивно средство секој ден кое ефикасно ќе ги исчисти бактериите наталожени на wc шољата.