Смути заменува барем еден оброк во менито на многу луѓе, особено оние кои внимаваат на здрава исхрана, се поборници на концептот за „жива“ храна и секако оние кои имаат малку време да го подготват својот дневен оброк.

Често пати читаме идеална комбинација за вашето смути и од кои состојки треба да се состои вашиот оброк во чаша, но сепак постојат неколку вистини кои треба да ги знаеме пред да одлучиме што да ставиме во нашето смути:

13 Healthy Smoothies to Start Your Day Off Right

Што повеќе состојки тоа подобро

Мала количина на различни состојки е подобра варијанта отколку многу количински застапен мал број на намирници.

Не повторувајте два пати исто смути

Секое следно смути треба да биде различно од претходното. Ако денеска сте приготвиле „зелено смути“ со застапени само зелени намирници, утрешното нека биде „црвено“ смути. На тој начин организмот ќе го снабдите со сите потребни состојки кои се застапени во различни намирници.

Користете повеќе свежо отколку замрзнато и обработено овошје и зеленчук

Секогаш кога имате варијанта да употребите свежо овошје или зеленчук избагнете термички обработено или замрзнато овошје или зеленчук. Свежите намирници ќе ви дадат свежина и вам!

Водата не треба да биде од фрижидер

Не користете ладна вода за приготвување на смути и не додавајте лед, инаку целата енергија организмот ќе ви ја потроши да ја доведе температурата на храната на ниво на телесна температури за да може да продолжи со обработување.

Намирниците што ги користите темелно измите ги пред употреба или отстранувајте ја кората

И покрај тоа што важи правило дека кората од некои овошки и зеленчуци е здрава, сепак ако ги купувате намирниците во маркет најдобро е да ја отстраните корката или да сте сигурни дека темелно сте го измиле овошјето. Инаку наместо витамини и здрави продукти ќе внесувате токсични микроорганизми.