дома животен стил Тренинг во природа или во теретана, ноќен или дневен тренинг?

Тренинг во природа или во теретана, ноќен или дневен тренинг?

780
0

Тренингот е составен дел од секојдневието на многумина. Периодот кога и каде се организира тренингот зависи од организацијата на останатите дневни активности.

Некои луѓе преферираат да обават тренинг во теретана, некои во домашни услови, а некои во природа. Исто така некои луѓе порадо спортуваат денски отколку навечер и оние кои својот тренинг го обавуваат непосредно пред спиење.

Сепак постојат неколку оптимални периоди кога треба да се одржи тренинг и каде, а во продолжение ви откриваме неколку факти за тренингот:

Тренинг во природа е подобар отколку тренинг на затворено

Тренинг во природа има многу повеќе придобивки отколку тренинг на затворено. Но, секогаш луѓето немаат погодни временски услови да тренираат во природа.

Препораката е тренингот да се организира колку што е можно почесто во природа од следните причини:

Тренингот е и рекреација

Кога одржувате тренинг надвор, мозокот е во симбиоза со природата. Гледајќи почесто во зелени површини, во растенија и природно опкружување освен што го вежбате вашето тело, вие го рекреирате и вашиот ум.

На белите дробови им пружате „свеж воздух“

Протокот на кислорот низ организмот е многу важен за време на тренингот. Затоа тренирање во природа, каде што воздухот е чист и свеж, ќе ви обезбеди значително поефикасен тренинг.

Витамин Д

Ако организирате тренинг во природа преку ден и сте изложени на сончеви зраци, вие апсорбирате витамин Д директно од сонцето. Со тоа додека вежбате вие воедно и се храните.

Денско тренирање наместо вечерно

Што порано завршите со тренингот толку подобро. На тој начин телото ќе има време да го намали крвотокот, адреналинот и да го нормализира организмот со цел навечер да можете нормално да одморите и заспиете.