Тројца професори од Универзитетот за медицина во Саутемптон направија голем исчекор во лекувањето на пациентите заболени од коронавирус, па истовремено станаа и милионери преку ноќ.

Уште пред две децении, српскиот доктор и професор Ратко Ѓукановиќ, заедно со колегите Стивен Хојгејт и Дона Дејвис откриле дека протеинот интерферон бета, кој помага кај настинките, им недостига на оние кои боледуваат од астма и хронични болести на белите дробови.

На основа на тоа нивната фирма развила негова замена која им помага на пациентите со вирусни заболувања, пишува „Гардијан“, пренесува Слободен печат.

Клиничката студија на нивниот лек СНГ001, базирана на интерферонот бета, е завршена пред неколку дена и покажала дека пациентите заразени со вирусот Ковид-19 имаат два до три пати поголеми шанси за закрепнување со оваа терапија отколку со плацебо.

Ова вест е преземена од tribuna.mk а целата вест може да ја прочитате со кликање тука