Русија ја испрати првата серија од својата вакцина „спутник V КОВИД-19“ во Белорусија на дополнителни клинички испитувања.
Волонтери во Белорусија ќе почнат да ја примаат руската вакцина од 1 октомври и испитувањето ќе ги следи сите предвидени фази на кои подлежеше тестрањто во руските институти, соопшти Фондот.
Засега постојат клинички испитувања правени во руските институти кои потврдуваат дека волонтерите кои ја примиле вакцината веќе развиле анти-тела.
Дополнително клиничко испитување на вакцината во Белорусија се очекува да даде поголем меѓународен легитимитет на рускиот иновативен производ.
Извор: Нова Македонија