Папагалите не се чест избор за милениче бидејќи со нив не можете да се играте на ист начин како со кучето.

Папагалот не можете да го гушнете, ниту да го изведете на прошетка, папагалите имаат посебни потреби кои бараат поголемо внимание и знаење за разлика од кучињата кои ни се послични нам луѓето и полесно можеме да ги ускладиме нашите навики и потреби.

Често ќе слушнете дека папагалите не се извор на социјални активности, бидејќи не можете ништо да правите заедно (тие не може да чекорат со вас, а вие не можете да летате со нив), папагалите ви носат ѓубре дома, постојано испуштаат звуци во позадина кои ви го нарушуваат мирот и куп други одвраќања од намерата да удомите папагал како милениче.

Сепак папагалите како миленичиња ви обезбедуваат голем број придобивки за кои не сте ни свесни:

Папагалот ви е будилник

Доколку го следите биоритамот на папагалот ќе водите сосема здрав живот. Тие се будат со изгревање на сонцето, а заспиваат со негово заоѓање. Исто така папагалите уживаат во долг сон во мрак и тишина.

Пеењето на папагалите ви стимулира различни електромагнетни вибрации во мозокот

Пеењето на папагалите го одмара вашиот мозок испраќајќи му порака дека е некаде во природа, опкружен со птици кои пеат. Слушањето на пеење на папагалите може да придонесе да се чувствувате релаксирано.

Папагалите не може да ве повредат вас или луѓето околу вас

Многу често луѓето се одлучуваат да чуваат и опасни домашни миленичиња кои може да ги повредат нив, или нивните деца или други луѓе од опкружувањето кои го посетуваат нивниот дом. Папагалите се сосема безбедни за одгледување и тие нема да ве нападнат, ниту можат да ви предизвикаат некоја лесна или тешка повреда.

Папагалот има потреба од игра

Можеби не можете да го гушнете папагалот, но секако може да се играте со него. Папагалите сакаат внимание и тие уживаат да се играат со нивните сопственици. Папагалот може да го погалите, да му подадете прст пред неговиот клун, да го летате низ соба и сл.