Повеќе од илјада жени денес маршираа низ главниот град на Белорусија барајќи оставка од претседателот Александар Лукашенко.

И студентите протестираа заради притворање на колегите во текот на демонстрациите по претседателските избори.

Денес во Минск за прв пат со знамиња во боите на виножитото на демонстрациите се појавија и припадници на ЛГБТ заедницата.

„АП“ оценува дека овој потег значи дека демонстрациите стануваат се посмели и тие обединуваат различни интересни групи.

Извор: Канал5