дома информација вест Под урнатините на Бејтур забележани знаци на преживеани во четврток, но до...

Под урнатините на Бејтур забележани знаци на преживеани во четврток, но до денеска не е пронајден потенцијалниот прживеан во несреќата

716
0

Спасувачка екипа кои ги пребарува урнатините во Бејрут по силната експлозија од минатиот месец, тврди дека нема повеќе знаци на живот, кои ја гаснеа надежта дека некој друг може да се спаси.


Уред со сензори откри можни знаци на живот во четвртокот, но спасувачите не го пронајдоа изворот на отчитувањето откако отстранија 95% од урнатините, пишува Би-Би-Си.

Околу 50 волонтери, вклучително и тим од Чиле, работеа на местото. Откако уредот открил потенцијални знаци на живот, луѓето се собрале, очекувајќи дека ќе се случи чудо и дека ќе се најде некој што преживеал.

Чудото, за жал, не се случи. Сигналот доаѓаше од длабочина од 3 метри. Напорите на спасувачките екипи сега ќе бидат насочени кон пронаоѓање на посмртните останки на жртвите.

Бејрут беше уништен од експлозија од 2.750 тони амониум нитрат во август. Во експлозијата загинаа околу 190 лица, а околу 6.000 беа повредени.

Извор: Novosti.rs