Објавувањето потсетува на зборовите на претседателот Трамп по повод постигнувањето договор во Вашингтон на 4 септември.
Претседателот на САД, Доналд Трамп оцени дека договорот за економска нормализација ќе ги направи Србија, Косово, Балканот и светот побезбедни и истакна дека за ваков чекор е потребна исклучителна храброст на лидерите, објави денеска Стејт департментот на својот Инстаграм профил.
Објавувањето потсетува на зборовите на претседателот Трамп по повод постигнувањето договор во Вашингтон на 4 септември: „Ова е навистина историски ден … Србија и Косово се обврзаа на економска соработка“.
Трамп наводно нагласил дека „требало извонредна храброст“ српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти да одат на овие разговори и да дојдат во Вашингтон за да ги финализираат овие обврски.
„Со тоа тие ги направија своите земји, Балканот и светот побезбедни“, рече Трамп.
Извор : Alo rs ;