Позлатени очила на Ганди продадени на аукција за 288. 000 евра

1430

Позлатени носени очила на индискиот херој за независноста Махатма Ганди се продадени на аукција во Велика Британија за 288.000 евра, соопшти аукциската куќа.

„Ги најдовме пред само четири недели во нашето поштенско сандаче, оставени таму од господин на чиј чичко му ги дал самиот Ганди“, по продажбата на Инстаграм напишаа од куќата „East Bristol Auctions“.

„Неверојатен резултат за неверојатен производ! Благодарност до сите понудувачи “.

Ганди бил познат по тоа што им давал стари или несакани очила на оние кои имаат потреба или оние кои му помагале.

Извор: Сител