Орелот се врати, ДУИ ќе поставува ултиматум за формирање на нова влада, како и што се очекуваше главниот збор ќе го има Али Ахмети, ама ќе треба да си научите албански ако сакате да разберете каква порака ќе ви пренесе.


Идејата за Голема Албанија е многу блиска, премер Албанец има во Албанија, Косово, а може за скоро да има и во Македонија.


Чија победа ја славаат оние по штабовите „Можеме“ кои почнаа да покажуваат мускули и пред официјално формирање на влада?


Се чини дека на овие избори поразени нема. Мицкоски изјави дека ДИК сомнително си ја вршеле работата, дека владата вршела поткуп на гласови и дека тие имаат најголем легитимитет да формираат влада.


Потомокот на Сталин што е на чело на една мала партија која освои две пратенички места веќе најави дека ќе стрела се живо. Реториката и гневот вака изгледа со само две пратенички места, замислете го Апасиев како премиер, веројатно Груевски би бил мала беба за него.


Не знаеме кој ќе ни биде премиер, Заев и Мицкоски се подготвуваат за таа позиција, а Ахмети трља рацете.


Како и да е, никој во прикзната не е невин, ама некои се повеќе виновни од другите. Ова беше идеално време за ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, после сите криминали, рекети, кршење на правото и менување на уставното име што го направи СДСМ. Но со таков кадар и лидер на партијата, ДПМНЕ одигра погрешно и уште еднаш покажа дека е инструментализирана партија со која раководи мала група на луѓе.


Постоеше закана Груевски да се врати, а скоро нема човек во Македонија кој не сака да го гледа тоа сценарио. Дури и покојниот Настета Пупиновски вработен во Здравствен дом во Вевчани не би тврдел дека 1000 посто према 50 посто треба да води господинот Никола Груевски.
Данокот што го плаќа ДПМНЕ на овие избори во кои по сите зла што ги нанасе СДСМ со владеењето требаше да бидат убедливи фаворити, има корени токму во црното владеење на Груевски и неговото менаџирање со партијата.


Мило ми е што груевистите не успеаа да победат, ќе имаше многу жртви на нивната потреба за одмазда. Тие не работат за формирање на влада која ќе управува, туку влада која ќе демонстрира моќ на своите неистомисленици.


Во СДСМ, пак, ништо ново, ќе мора да се подготвуваме да си ја виткаме кичмата до бесконечност кога се националните интереси во прашање. СДСМ успева вешто да ни ја протне идејата дека важен е животот во демократија и дека сите сме граѓани на Северна, а покрај тоа и ќе дозволи шака народ од албанскиот етникум да наметнува самоволие. Во Македонија се случува терор на минорното ентичко население над мајорниот дел од населението. Редок феномен кој многу кажува за националната свест на Македонецот и неговата способност како автохтон народ да изгради своја држава.


Изборните резултати најмногу треба да не загрижуваат нас граѓаните, без разлика на тоа дали се репрезентативи на нашта демократска волја. Ваквиот изборен резултат е победа за сите политички партии кои обезбедија пратенички места во Собранието, но е пораз за нас граѓаните кои покорно, одново и одново секој наред избор заокружуваме бројче на пратеничка листа на која се наоѓаат имиња со сомнително образование, интелигенција, морал и личносен интегритет.


Магдалена Стојмановиќ