Целиот политички естаблишмент се сопнува на едно и исто перенијално прашање за инфраструктурното подобрување, односно прашањето за македонските патишта и автопатишта.

Од добрата состојба на патиштата и автопатиштата сите успеаа да најдат по една своја длабока дупка во која ќе се закопаат со своите изјави.


Прв традицијата за паѓање во амбисот на македонските патишта и автопатишта ја почна, верувале или не, Зоран Заев.

Тој зборуваше за патишта и автопатишта кој ги изградил СЕКАДЕ, а од митоманија почна да зборува и за нов изграден автопат кој води до Блаце и на кој тој вози мотор со голема кубикажа пратен од голема армија на обезбедување.

Наравоучение: Патиштата на Заев водат СЕКАДЕ, само не таму каде што треба!


По Заев на прашањето за македонските патишта и автопатишта испитот го падна и Сања Лукаревска како носител на изборна листа од коалицијата МОЖЕМЕ. Лукаревска тврдеше дека за време на владеењето на СДСМ се изградени патишта и автопатишта. Кои се тие патишта и автопатишта не ме прашувајте мене. Додуша немојте ни Сања, она тек нема поим кои се тие патишта и автопатишта.
Наравоучение: Патиштата на Лукаревска не водат НИКАДЕ!


Дурловски почна да раскажува за подобрување на инфраструктурните објекти низ Македонија што е дел од неговата политичка програма, па дојде до пато од Битола до, доо, дооо… Ова ситагма обично продолжува со – Патот (од Битола) до пеколот најчесто е поплочен со добри намери!
Наравоучение: Пато на Дурловски не носи до пеколот!


Спасовски ни го трасира патот до ЕУ, ама затој пут до Банево ТРЛО е пун сс дупке.
Наравоучение: Немаме патишта да стигнеме до дома, а мечтаеме за пат до ЕУ!


Силјановска ни го покажа патот како да се стигне од неолибертаријанец до конзервативец преку ноќ. Ми се чини дека го утнала и патот до Кавадарци, па случајно завршила на митинг во Неготино поздравувајќи ја својата публика со – Почитувани Кавадарчани.
Наравоучение: Не знае кај тера!


Шекеринска е вешта во снаоѓање по македонските патишта, таа е единствената што успешно пронајде пат за бегство од силните извици на македонските навивачки групи: Никогаш Северна, само Македонија на годишнината од смртта на македонскиот револуционер – Гоце Делчев.

Наравоучение: Патиштата на Шекеринска се патишта за бегство!


Еден од најсилните адути на ДПМНЕ, Мизрахи со својата бајковито-митолошка структура на мислење и глас кој продира во ехото на постоењето не носи кон семејството, кон минатото, кон историјата, уште малку ќе не однесе и во библиска расправа за тоа како Евреите се избраниот народ, а двоен престиж е да се биде избран народ во библиска земја – Македонија.
Наравоучение: Мизрахи трасира патишта кон минатото и историјата. Секогаш стои пред погрешна табла па и овој пат. Сосема е контадикторно баш градителката на патиштата кон македонската историја и минато да стои пред транспаренти на кои пишува – Обнова на Македонија!


Нина Ангеловска и Бектеши го трасираа патот до Стопанска, Комерцијална, Халк, Уни банка… На тие патишта луѓе тренираат издржливост на 40+ оние што ќе преживеат ќе дојдат до награда од 3000 денари.
Наравоучение: Патот до банки за 3000 денари е пат до вечно ментално заложништво!


Мицкоски има голема среќа што неговиот ривал е токму Заев. Неговиот пат е антипод на патот на господинот Заев. Просто е неверојатно како човек со таква раскошна креативност и харизма може да промовира поинаква политичка програма од она во која централно место го зема господинот Заев.
Наравоучение: Патиштата на Мицкоски каде и да водат, водат преку Заев.


Патот на Филипче со скафандер и заштитна маска води до кафе со Лиде Лиде. По се изгледа Лиде Лиде е последниот Мохиканец кога е во прашање довербата кон Венко Филипче.
Наравоучение: Филипче го покажа патот од стучен лекар до најголем фраер во државава!


Димче Апасиев покажа како е да се биде Сталинче во една мала партија околу која се кренаа многу скандали.
Наравоучение: Патиштата на Димче се патишта до стрелиште.


Говорите на Љупчо Ристовски од ИНТЕГРА наликуваат на патот кон спасението и евхаристијата пред луѓе кои го преживеале Аушвиц.
Наравоучение: Ристовски гради патишта кои ги сее со надеж на неплодна почва однапред знаејќи дека тие нема да никнат.


Македонските патишта и автопатишта се чудно место во која е собрана сета историја, сета иднина, сета летаричност, глупавост, неумешност, неелковентност на политичкиот естаблишмент. Тие градат патишта и автопатишта кои водат секаде, никаде до некаде само не на вистинското место.

По се изгледа дека оние што се движат по таквите патишта сигурно ќе се сопнат од некоја пукнатина!

Магдалена Стојмановиќ