Директорката на УЈП Сања Лукаревска која беше позитивна на корона вирусот во изјава за МИА даде препораки како да се зачува јавното здравје.
Имено таа нагласи дека придржувањето до мерките за здравствена заштита е од нужно значење за зачувување на здравјето.
Таа исто така потенцираше дека секој има одговорност во загрозување на туѓото здравје и дека придржувајќи се до мерките, асимптоматските носители ќе го спречат ширењето на вирусот.
За потсетување Лукаревска беше заболена со КОВИД19 а во Куманово дента пред објавување на резултатите имаше контакт со стотици луѓе, делејќи им флаери.
Овој случај потврдува дека Лукаревска која и замата со своето однесување ја згрози македонската јавност, сега се става во улога на проповедник и советник за заштита на јавното здравје.
Извор: МИА