дома животен стил Како до здрав сон?

Како до здрав сон?

862
0

Спиењето е многу важен процес за одржување на човечкото здравје. Секој возрасен човек има потреба од 6 до 8 часа сон во текот на вечерта. Но не е важен само бројот на отспиени часа, туку и период во кој човекот спие.

Според билошкиот часовник, предвидено е да спиеме во текот на ноќта и да бидеме активни во текот на денот. Целото наше тело е насочено и создадено да функционира во тој био-ритам.

Сепак, денешниот начин на живот многу често го изметува био-ритамот, со работа ноќе, или пак стресниот начин на живот значително го пореметува сонот предизвикувајќи немирен сон или инсомнија.

Квалитетниот сон е половина здравје, а еве неколку препораки како да си создадете услови за квалитетен сон:

Исхраната е многу важна

Многу е важно што конзумирате во текот на денот, а особено неколку часа пред спиење. Не го оптеретувајте вашиот дигестивен систем со калорична храна која тешко се вари. Наместо организмот да ви работи додека спиете и да ја вари храната, оставете го целосно да се одмори и рехабилитира.

Не конзумирајте алкохол и опијати

Алкохолот дури и во мали количини, како и опијатите го пореметуваат сонот. Можеби ќе ве натераат побрзо да заспиете, но сонот нема да биде квалитетен. Ќе се будите често, а кога ќе станете наутро ќе имате чувство како воопшто и да не сте спиеле.

Забелешка: Познато е дека зависниците од дроги тешко заспиваат и опијатите ги држат будни долго време.

Проток на воздух е важен

Никако немојте да спиете во просторија каде што има влага, животни, прашина и слични материи кои може да ви предизвикаат респираторни инфекции.

Погрижете се воздухот во вашата соба да биде со оптимална влажност и топлина и секако да имате доволно проток на кислорот кој е неопходен за рехабилитирање на вашиот организам додека спиете.

Спијте во тивка просторија, најдобро сами

Колку и заедничкото спиење да е дел од романтичната призна за еден заљубен пар, вистината е дека најдобар сон имаат оние кои спијат сами во своите кревети.

Кога спиете сами, немате енергија од друга личност, мрдање, ноќно бладање, често станување и сл. Едноставно имате комплетен мир и тишина.

Телевизија и лап топ не се носат во соба за спиење, а ако ви треба занимација на умот пред да заспиете најдобро е да си понесете книга во спалната соба.

Избегнувајте контакт со надворешен свет неколку часа пред спиење

Избегнувајте се што може да ви предизвика стрес и да ви го поремети сонот. Барем два часа пред спиење осамете се и посветете внимание на себе.

Не гледајте вести, филмови, или не комуницирајте со луѓе кои може да ви пренесат информација која за вас е вознемирувачка и која може да го наштети вашиот сон. Се може да се остави за утре, а утрото е попаметно од ноќта.