дома животен стил Како да го препознаете јазикот на љубовта?

Како да го препознаете јазикот на љубовта?

1061
0

Многу работи личат на љубов, но не се љубов. Често се случува да мислиме дека сме биле заљубени, иако од временска дистанца чувството нема да го препознаеме како љубов.

Наместо љубов може да се работи за пријателска или друг тип на емотивна поврзаност, допаѓање, привлечност и сл.

Сепак постои цел јазик на љубовта кој може да го препознаете за да бидете сигурни дека станува збор за љубов, а не за некој привид на љубов.

Неколку општи обележја на „јазикот на љубовта“:

17 Little Ways Couples Show Their Love That Don't Cost A Thing | HuffPost  Life

Убаво ми е со тебе / Не можам без тебе

Сите ги сакаат вашите блескави страни, денови и моменти, сите ја сакаат вашата сила, енергија, умешност и ведрина, но ретко кој може да го поднесе вашето лошо расположение, вашите стравови и несигурности.

Љубов е кога ви ги сака мааните еднакво како и вашите успеси и вештини. Љубов е кога некој не може без вас дури и кога не е убаво, наместо некој на кој со вас му е убаво само додека е убаво.

Не те оставам затоа што те сакам / Те оставам затоа што те сакам

Оној кој навистина ве сака не е себичен. Тој не го сака вашето присуство по секоја цена. Ако процени дека вам ви е поубаво без него/неа, ќе се иземе од вашиот живот. На заљубениот човек благосостојбата на саканиот му е поважна од секоја себична потреба.

Согласно тоа, љубовта е ако никогаш не се дозволи „живот на болка и повреда“.

Ти ја сака косата/ Не ја забележува твојата нова фризура

Верувале или не, доколку не ја забележува промената на вас, тоа е одличен знак. Се работи за љубов ако ве гледа како целина, а не како носител на посебни делови кои му/и се допаѓаат.

Новата фризура и посветувањето на изгледот може да го подобри чувството, но ништо помалку нема да ве сака во пижами со разбушавена коса, уморни или болни.

Што мислиш на таа тема?/ Не е важно што мислиш!

Едно е да се носат заеднички одлуки базирани на договор и консултации, но вистинската љубов никогаш нема да ве прашува за мислење за се и сешто. Така е затоа што љубовта не прави тестови, нема потреба да се потврдува постојано, не е важно воопшто што мислите, зашто љубовта нема потреба да ги менува вашите мислења и да ви создава вештачки ситуации во кои ќе ве натера да разберете, да извлечете поука или заклучок.

Партнерската љубов е целосно рамноправна и од таа причина не се дозволува примена на воспитни методи и лидерство во ниту еден сегмент, освен ако не е во прашање гест или предизвикување на убаво чувство дека сте сакан, почитуван и уважен.

Знае што е добро за вас / Што е добро за вас е само ваша работа

Ако знае што намногу сакате да јадете, пиете, носите и сл. – ТОА НЕ Е ДОБАР ЗНАК, напротив е знак на опсесија. Не сакате некому да му бидете единствената животна окупација, бидејќи таквите профили често пати ќе се наметнуваат како поповикани да кажуваат што е добро за вас и нема да ве остават да имате сопство и своина врз своите постапки и одлуки, за слобода и да не зборуваме.

Љубов е ако не знае што сакате да јадете во моментот, дури симпатично е ако ви го купи и она што нему или неа му/и се допаѓа.

Љубовта секогаш остава простор за промена и никој подобро од вас не може да знае дали баш денеска сте одлучиле да го смените изборот на омилена храна.

Оној што сака да знае се за вас, ќе очекува извештаи за секоја ваша одлука, а ќе го третира како „изневерување“ доколку донесете одлука без да ја соопштите пред „Големиот брат“.

Им се допаѓа на сите твои блиски луѓе/ Не му е гајле кому му се допаѓа

Оној што навистина љуби го „губи разумот“ и не може да размислува пристап како да им се додвори на твоите блиски луѓе, ниту нив ги забележува. Тие за него/неа не претставуваат опасност, бидејќи се фокусира на својот однос кон вас, а не на вашиот однос кон други луѓе.

Тоа покажува дека животот не ви го претвара во „лабораториска операција со контролирани услови“, туку спонтано пристапува на секоја ситуација носејќи со себе само неизмерна љубов, а не планови, идеи, маски и оклопи.

Магдалена Стојмановиќ