дома животен стил И кај животните е застапен „нарцизмот“, а еве кои се „најмногу нарцистични“...

И кај животните е застапен „нарцизмот“, а еве кои се „најмногу нарцистични“ меѓу животните

843
0

Митот за Нарцис потекнува од Античка Грција и поради неговата симболика во денешната терминологија, па дури и во секојдневниот говор се употребува да означи „личност која е фасцинирана од својот сопствен лик“.

Обично за нарцизам се манифестира преку често гледање на себе во огледалото, претеран говор за себе или алтер его кое е премногу нагласено.

Наједноставно и најчесто луѓето го преведуваат терминот „нарцист“ со „некој што е вљубен во самиот себе“.

Освен кај луѓето, нарцизмот е појава која се појавува и кај животните. За некои од животните како лавот на пример е познато дека е „крал“ на животните поради неговата доминација, елегантност, насоченост кон себе, начинот на кој се посматра, си го чешла крзното, си игра со лавиците и сл.

Но сепак, за лавот се тврди дека е нарцист затоа што му се припишуваат човечки карактеристики и тој се истоветува со човек кој е доминантен и „главен“ помеѓу другите, што пак често значи и дека е нарцист и свртен кон себе.

Исто така, кај мајмуните особено човеколиките е забележана појава на нарцизам. Последна информација е дека човек од Малезија во својот изгубен телефон пронашол селфи од мајмун кој по некоја случајност дошол до изгубениот телефон и сакал да го јаде, но играјќи се со него си го видел својот лик на екранот што му го задржало вниманието и интересот.

The Problem with Giving your Bird a Mirror | Feisty Feathers
Сепак титулата „најголем“ нарцис помеѓу животните ја имаат токму папагалите, особено тигриците. Мал ексеримент го потврдува тоа:

Ако на тигричка во кафез ставите огледалце, целото внимание на папагалот ќе го земе токму огледалото. Забележани се случаи кога папагалите по поставување на огледало во кафезот почнале да ги занемаруваат своите базични потреби од храна и вода само за да поминат подолго време пред своето огледало.

Тие често го вртат огледалото како би можеле да го видат својот лик од сите можни перспективи.