дома животен стил Дали и колку ви е чисто дома, кажува многу за вас како...

Дали и колку ви е чисто дома, кажува многу за вас како личност:

911
0

Домот е место каде што луѓето се чувствуваат најкомотни, најдобредојдени и најсвои.

Местото на живеење е катче во кое човекот се трга од надворешниот хаотичен и страшен свет и го наоѓа својот мир и комоција.

Најголем дел од луѓето голем дел од своето време го поминуваат во своите домови.

Од таа причина и важно е какви ви се хигенските навики дома. Од степенот на уреденост на домот можете да откриете многу за некој човек, а еве на што укажува редот во домот:

Редот ви уштедува време и енергија

Наместо да се трудите да најдете некој предмет, парче од облека или некоја алатка која во моментот ви е потребна во хаос, најдобро ќе заштедите време со добра организација.

Луѓето кои го сакаат редот и секогаш имаат уреден простор околу себе всушност се добро организирани, логични и ефикасни во работењето.

Претераниот ред не е добар

Постојат луѓе кои се опседнати со чистота и кои се вознемируваат доколу им падне прашинка на маса. И покрај тоа што е пофално некој да е педантен претераната грижа за редот укажува на психичко заболување (опсесивно – комулсивно пореметување).

Нормално е да има мал неред околу вас понекогаш, алармантно е ако нередот е природна состојба во домот во која вие можете да функционирате без тоа да ви пречи.

Хигена е пола здравје

Редовното чистење ги отстранува микроорганизмите во средината каде што вие и вашите деца поминуваат најголем дел од времето.

Луѓето кои се грижат за хигената во домовите исклучително се свртени кон себе и кон своето семејство грижејќи се за здравјето и благосостојбата.

Учење преку уредување на домот

Чистењето е логичка постапка. Вие сегментирате простор, правите класификација на предмети по значење, големина, боја, форма и намена и го складирате во заеднички простор со порака која просторот ви ја испраќа во моментот кога треба да се послужите со некој предмет.

Чистењето заедно со вашите деца е спој на корисно и убаво, бидејќи за децата ќе биде логичка вежба а резултатот нема да бидат фигури со лего коцки туку среден и чист заеднички простор.