Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да испрати писмено укажување до сите детски градинки да продолжат со упис и згрижување на деца, особено на оние деца чии двајца родители се во работен однос, без разлика дали работат од дома или одат на работа.
Додека градинките продолжуваат со упис на деца, над 100 основни и средни училишта чекаат одобрување од владата по барањето за реализирање на настава со физичко присуство.
Останатите училишта кои не поднеле барање наставата ќе ја реализираат преку далечинско учење.
Имаше најави дека можно е градинките да престанат со работа поради случај со заболена воспитувачка во битолската градинка.
По тоа се појавија реакции дека градниките не се безбедни за згрижување на деца, но владата донесе одлука да се продолжи со работа под посебни протоколи за заштита.
Извор: Нова Македонија