Гејтс се прашува што ќе се случи со другите земји, особено со посиромашните, и наведува дека, како што стојат работите сега, тие ќе можат да вакцинираат само 14% од населението.
Ефективна и безбедна вакцина против коронавирус ќе биде достапна на почетокот на следната година. И ќе има повеќе. Благодарение на тој научен успех, светот конечно ќе има шанса да ја избрише заканата од пандемија и да се врати во нормален живот, рече Бил Гејтс, додавајќи дека вакцината мора да биде достапна за секого, или не чека катастрофа.
Кога ќе се изврши вакцинацијата, владите низ целиот свет ќе можат да ги укинат мерките за дистанцирање, луѓето повеќе нема да носат маски и светската економија ќе се рестартира – напиша Гејтс во авторски текст во италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Вакцината против КОВИД19 нема да биде достапна за секого, предвидува најпознатиот светски милијардер – Бил Гејтс
Гејтс, чиј фонд е основач на организациите GAVI и CEPI, кои заедно со СЗО управуваат со COVAX, со задача да соработуваат во развојот на вакцината, изјавува дека болеста нема да биде уништена веднаш.
За да го постигнеме тоа, потребен ни е капацитет да произведеме милијарди дози вакцина, да најдеме пари за неа и да направиме најдобра стратегија за нејзина дистрибуција – наведува Гејтс.
Тој објаснува дека во моментов повеќето од вакцините што се во развој се наменети за богатите земји, бидејќи тие имаат потпишано договори со големи фармацевтски компании и ги резервираат.
Гејтс се прашува што ќе се случи со другите земји, особено со посиромашните, и наведува дека, како што стојат работите сега, тие ќе можат да вакцинираат само 14% од населението.
Научниците разгледаа што ќе се случи ако дистрибуцијата на вакцините не биде еднаква и дојдоа до две сценарија. Во првиот, вакцината се дистрибуира до државите врз основа на нивната популација. Второто сценарио е слично на она што се случува во моментов, а тоа е дека педесетте најбогати земји ќе бидат првите кои ќе добијат две милијарди дози. Според второто сценарио, вирусот неконтролирано ќе се шири уште четири месеци после тоа на три четвртини од планетата. Затоа бројот на жртви ќе биде двојно поголем – наведува Гејтс и додава дека тоа би било морална катастрофа.
Единствениот начин да се елиминира вирусот е да се елиминира на целата планета. Не сакаме да покажеме со прстот кон богатите земји, бидејќи тие прават сè за да го заштитат своето население, но ние мора да ја зголемиме можноста за производство на вакцини во различни делови на светот. Само на тој начин ќе можеме да ги заштитиме сите – пишува Гејтс.
Основачот на „Мајкрософт“ наведува дека веќе работат на тоа, и дека 16 фармацевтски компании склучиле договор со неговата фондација, со цел да соработуваат во производството на вакцини, но и можностите за нивна фер дистрибуција.
Извор: Alo.rs