дома животен стил Во православните цркви низ Македонија денеска се одржува Литургија, а еве кое...

Во православните цркви низ Македонија денеска се одржува Литургија, а еве кое е нејзиното значење:

1448
0

Во современиот Православен речник Литургијата има потесно значење и со неа се именува чинот на евхаристичка служба, или чин на Светата Тајна на Тајните – Света Евхаристија или Свeта Причест.

Таа е основна и обврзителна дејност на Црквата. Како молитва, ова богослужение се разликува и е пред сите други молитви.

Божествената Литургија е црковно дејство на собраните од Бога за служење, за молитва, за слушање на Словото, за поучување во заповедите Божји, за предавање на себеси во благодарност на Бога Отецот и за стекнување на живо искуство на Неговото Царство преку Светата Причест на Неговиот Син, Кој со Светиот Дух веќе присуствува во нас.

Во секоја смисла, Литургијата е празник на верата, прославување на дарот на познанието на Пресветата Троица и повторена потврда на новиот живот кој доаѓа од Троичниот Бог. Како што самиот св. Василиј Велики вели: „Патот кон богопознанието се вознесува од едниот Дух преку едниот Син кон едниот Отец.

Литургија е дел од евхаристија (или причест) на кој се верува дека лебот го симболизира телото Христово, а виното на лепчето ја симболизира неговата крв.

Истовремено, природната добрина, неразделната светост и царското достојание доаѓа кон нас од Отецот преку едниот Единородниот Син кон Духот.“ Секое богослужение – како лично, така и заедничко, е упатено на Отецот преку Синот во Светиот Дух, Кој заедно со нашите духови сведочи дека сме Божји деца, сонаследници Христови, и повикуваме „Авва, Отче!“ (Рим. 8,15-17)

Извор: Википедиа