Ова е новата карактеристика на хуманоидниот робот „Пепер“, кој се користи во некои земји од порано, каде ги поздравуваше посетителите во продавниците, изложбите и другите јавни места, пренесува Ројтерс.

Камерата на Пепер ги скенира лицата на луѓето кои му приоѓаат и ако открие дека е откриена долната половина на лицето, ја изговара фразата: „Треба секогаш да носите правилно маска “.

Ако види дека посетителот потоа става маска, роботот продолжува со фразата: „Ви благодарам што ја ставивте вашата маска“.

Идејата не е да се има роботска полиција дали луѓето носат маски, туку да се обезбеди пријателско потсетување, рече Џонатан Борија, шеф на продажбата во Европа на SoftBank Robotics, компанијата која стои зад Pepper.

Извор: Канал5