Човештвото ќе ги потроши сите расположиви природни резерви на Земјата за 2020 година до сабота , тврдат научниците, кои посочуваат дека овој мрачен праг е постигнат малку подоцна оваа година за разлика од минатата.
Т.н. Ден на пренесување на Земјата е ден на кој човештвото ги „потрошило“ сите биолошки резерви што може Земјата да ги надополни од година во година. Тој ден се случува од 1970-тите се порано и порано, според Global Footprint Network.
Мрежата пресметала дека оваа точка е достигната на 22 август годинава во однос на минатата година кога била достигната на 29 јули, со што е одбележан редок случај на пресврт на трендот по пандемијата, зашто карантинот предизвика привремен пад на емисиите на стакленички гасови и уништување на шумите.
Ова претставува намалување од 9,3 проценти во влијанието на луѓето во однос на претходната година, според Global Footprint Network.
Извор: Канал5