Во правна држава, луѓето најчесто ги темелат своите односи на одговорност и должност. Одговорноста и должноста се етички постулати кои ја демонстрираат разумноста и зрелоста на поединец кон општеството односно кон другите луѓе.

Но кога должноста и одговорноста стануваат облигаторни, тие се само механизам и често не се врзуваат со никаков внатрешен императив.

Така на пример во правна држава имате одговорност кон своите деца, доколку не ги обавувате родителските задачи во согласност со вредностите и нормите на општеството, тогаш институциите ви ја одземаат таа улога. Доколку не ги обавувате брачните обврски, тогаш судот ќе ви ја прекине улогата на „сопруг“ односно „сопруга“ и сл.

Повикувањето на одговорност и должност многу често предизвикува длабок конфликт и лицемерие. Луѓето ги прават работите онака како што од нив се бара согласно урнекот во пропишаните вредности и норми, но доколку по некое чудо истите тие исчезнат и исчезне сиот морал на овој свет, тогаш луѓето не би имале интуитивна врска со работите кои инаку ги прават.

Колку често ви се случило да ја тргнувате со позиција дека на некој нешто му е работа па затоа заборавате да му изразите благодарност на келнерот кој ви го послужува кафето? Колку често ви се случило да не ја поздравите продавачката затоа што сметате дека таа е „нужно зло“ кое ви ги зема вашите тешко заработени пари? Колку пати сте се повикале на „тоа ви е работа“ само за да ги насочите луѓето да делуваат на еден или на друг начин?

Ова општество со своето уредување ни дава алиби да заборавиме на вредности како што се – љубезност, благодарност, топлина, искажување на почит кон туѓиот труд само затоа што одговорноста и должноста се задолжителни и доколку се погазат луѓето подлежат на секакви санкции.

Стравот од казна е механизмот преку кој се зауздуваат луѓето и кај нив не се стимулираат конструктивни и продуктивни емоции на грижа, пријателство, љубов и човечка топлина.

Однос на благодарност

Точно е дека човекот што не послужил со кафе, има опис на работа, прима плата како надокнада за својот труд, неговата дејност е заведена во номенклатурата на занимања, но зад сите тие апстрактни симболи кои имаа опасни импликации се крие само еден човек кој веројатно има грижи, проблеми, стравови, се грижи за некој, има потреба од љубов, има потреба некој да му покаже благодарност, да му искаже почит за тоа што го работи, исто колку што тоа ви е потребно и вам.

Многу е важно да научиме на луѓето да им покажеме дека го цениме нивниот труд, дека нивната работа има реална, а не само номинална вредност, некому да му покажеме дека сме благодарни за тоа што не послужил со кафе додека удобно седиме на фотељите мудрувајќи за животот или фокусирајќи се само и едноставно на сопствените проблеми како да сме единствените на светот што ги имаат.

Секој човек на човечност возвраќа со човечност (исклучувајќи ги психијатриските случаи и девијациите) а многу е убаво чувството некому да му го разубавите денот само со една насмевка, едно „благодарам“ или топло „добар ден“.

Ако сакате да ја разберете значајноста на човечноста, замислете само како би изгледал светот доколку сите услужни дејности наместо човечки труд користат роботи или се самопослужувате со кафе од кафемати. Тогаш веројатно најпрецизно ќе ви се совпадне вкусот на кафето што се служи со вашиот посакуван вкус, но тоа што нема простор за човечка грешка не создава спомени. Роботот нема да ве истури никогаш со кафе, нема да може да ја обвини машината за кафе за вкусот на кафето, нема да ве погледне со прекор ако нешто му дофрлите, нема да може да ви возврати на насмевката која крие корпус од пораки. Поради тоа што нема простор да ви се случат мал милион можни ситуации ако настане деклинација од предвидениот пат, вие нема да имате што да раскажете, оти невообичаените работи и ситните грешки создаваат понекогаш и многу убави спомени.

Насмевката на роботот има само една нијанса, насмевката на човекот има мал милион нијанси кои не може да се пренесат успешно во еден софтвер. Затоа важно е да се „цени“ присуството на човек кој ве служи со кафе, на неговата насмевка а не само вкусот на кафето и изгледот на шољата во која се служи кафето.

Delighted black female barista serving coffee in cup in cafe

Грижа

Имате мала повреда на раката. Одите да ви ја санираат повредата. Во првиот случај лекарот ќе ви даде терапија, ќе ви ја санира повредата на груб и механички начин. Него нема да му е важно дали тогаш вие чувствувате болка, дали таа е поголема ако движењата на неговите инструменти се побрзи, нема да се занимава со вашата внатрешна состојба воопшто, него ќе му е важно само да ја санира раната на раката побрзо и да ја заврши својата работа.

Во вториот случај имате лекар кој е загрижен за тоа дали ви чувствувате болка или не, какви се вашите реакции, настојува во разговор со вас да открие на кој начин може да ви ги ублажи болките, за да не доживеете траума, а сепак да го заврши и „својот дел од работата“.

Кај кој лекар порадо ќе отидете?

Од вашиот одговор ќе заклучите колку е важно да покажете грижа кон останатите луѓе, да се обидете да го разберете нивното повредение, секако и да го оправдате доколку тоа не поминува некои граници. Нема потреба да се понашате дрско со касиерката во маркет затоа што не забележала дека ви дала искината кеса. Можеби не забележала бидејќи нејзиното дете лежи под температура дома, додека таа е на работа. Многу од вас знаат какво е чувството кога детето ви е болно, а не сте до него да му пружате помош, нели?

Joyful adult daughter greeting happy surprised senior mother in garden

Пружање на помош

Во животот ќе сретнете луѓе и со „Едипов комплекс“ и со „Исусов комплекс“ и со „Робин Худ“ комплекс.

Првите ќе се обидуваат да ја докажуваат својата потентност создавајќи конфликт со другите. Едиповците ја гледаат војната како простор да се покажат себе си и тие немаат способност да опстојат во мирна, спокојна и хармонична средина и врска.

Луѓето со „Исусов“ комплекс се секогаш жртви на судбината и тие секогаш ги паметат ситуациите кога направиле нешто добро за другите. Исусовецот прави добро за да може да ве запоседне и секој ваш крик за слободата да го сфати како „издавање“ на заедничките идеали преку автовиктимизација.

Робин Худовци секогаш се заштитнички настроени кон некои луѓе. Тие ќе се испокараат наместо вас со некој за да ја демонстрираат својата лојалност и пожртвуваност, ќе ве застапуваат во одбрана на правдата, ќе влезат во тепачка за вас и слични други „реални жртви“ со многу опасни последици.

Робин Худовци се луѓе кои сакаат да пружаат помош, а од преголема помош во суштина ви прават поголема штета. Тоа е истиот ефект како кога сте многу жедни и тие луѓе ќе ви стават вода во грло, но дури и кога ќе ја угасите жедта тие ќе продолжат да ви тураат вода во грло и на тој начин ќе ве предозираат со вода од која подоцна може да ви се слоши.

Помош е многу значајна постапка за одржување на општеството, но таа никогаш не треба да биде неумерена, само инстинктивна. Ако пуштите инстинктот да работи кога треба да пружите помош тогаш веројатно тоа е единствениот случај во кој тоа треба да го направите – на пример гледате дете како се дави и скокате во вода да го извлечете.

Секое делење на совети, модифицирање на ситуации значи и премногу интервенција во туѓата слобода и тука веќе не станува збор за помош и грижа туку потреба за контрола и посесивност што во секој случај се абнормални појави во меѓучовечките односи.

Person Putting Ankle Foot Orthosis to the Patient

Суд

Многу луѓе се плашат да се соочат со судот на другите луѓе. На таквите луѓе им е важно како другите ќе ги (о)судат нивните постапки.

Судот е многу важен за сопствениот развој и автоафирмацијата, но ако го кажувате во себе и го преиспитувате.

Суд искажан гласно со вперен прст во некој не ве прави повеќе морални од другиот. Има една српска изрека – Ко о чему, курва о поштењу!

Судот е секогаш субјективен и зависен од носителот, затоа не треба да ја анализирате симболиката на самиот суд, туку анализирајте го оној што суди. Така многу полесно ќе разберете дека нема простор за чувство на вина или страв бидејќи многу од работите се и субјективни и релативни.

Before Judging Someone, Try Understanding The Whole Story | Inc.com

Љубов

Ако имате многу време да размислувате за други луѓе и да се занимавате со нив, тогаш веројатно не го цените сопственото време од овој еден живот кој може да го потрошите само на уживање во прегратката на својата љубена додека ви спие на гради!

Animated gif in love🙈❤ collection by LoveYourself

Магдалена Стојмановиќ за „Мој збор“