Уапсени се 16 лица кои се сомничат дека поради небрежност придонеле за катастрофалната експлозија во Бејрут.

Осомничените во текот на вчерашниот ден се притворени од страна на либанските власти поради основано сомнение за нивна директна инволвираност во екплозијата.

Либанските власти тврдат дека катастрофата е предизвикана од амониум нитрат, изнесен од брод пред брегот на Бејрут пред шест години и бил пренесен во блискиот склад.

Се наведува дека овој високо експлозивен материјал бил складиран во небезбедни услови во пристаништето.

По страотната експлозија главниот град на Либан е целосно уништен и срамнет со земја, бројот на жртви се пребројува и понатаму, а над 350.000 жители останале без своите домови.

Извор: Канал5